Британските власти се загрижени поради порастот на бројот на инфицирани лица со Ковид-19 во Лондон при тоа истакнувајќи оти најверојатно во следните денови во главниот град ќе се прогласи трето, највисоко ниво на ризик и ограничувања во Англија.

Според Би-Би-Си, најверојатно уште денеска ќе се разговара за заострување на мерките против новиот коронавирус во Лондон.

Исто така се разгледува можноста да се прогласи трето ниво на ризик и ограничувања во Есекс.

Изминатите неколку недели во некои области во и околу Лондон регистрирано е зголемување за 71 процент на новозаболени лица



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.