Јужнокорејскиот производител на возила, „Киа моторс корпорејшн“ им препорача на сопствениците на околу 380.000 сопственици на „Киа“ во САД да ги паркираат своите автомобили на отворено, поради опасност од пожар во делот од автомобилот каде што се наоѓа моторот.
Компанијата соопшти дека отповикувањето се однесува на моделите „Спортејџ“ теренец и „Каденца“, што биле произведени меѓу 2017 и 2021 година.
Како што велат од компанијата, можен краток спој во разводната кутија што може да предизвика пожар. Оттаму, се налага сопствениците да ги паркираат возилата надвор од своите објекти, поради превентивни причини сѐ додека овластените продавачи не ги извршат неопходните проверки и поправки.
Компанијата издаде слично предупредување и за корејскиот пазар.
Засега нема пријавено пожар во некое од возилата, ниту, пак, несреќа или повреда предизвикана од таков проблем, се вели во соопштението на „Киа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.