Руската северна флота соопшти дека Русија успешно тестирала десет нови хиперсонични крстосувачки ракети Циркон од една фрегата и уште две од една подморница.
Рускиот претседател Владимир Путин го пофали оружјето како дел од новата генерација на системи за оружје кои се без конкуренција.
Путин го нарече ракетниот тест, извршен минатата недела, „голем настан во животот на земјата“, додавајќи дека тоа е „значаен чекор“ во зголемувањето на одбранбените способности на Русија.
Во 2018 година, Путин најави серија нови хиперсонични оружја, кои, како што тогаш изјави, може да ја погодат речиси секоја точка во светот и да го избегнат американскиот ракетен штит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.