Контроверзната забрана, која беше воведена пред десет години, конечно ќе биде укината.

Јужна Кореја пред 10 години воведе забрана, која не дозволуваше малолетници да се играат ноќе. Забраната беше спроведена преку Законот за заштита на младите, со цел да се намали зависноста од игри кај децата.

Забраната беше насочена кон гејмерите помлади од 16 години и не им беше дозволен пристап до игрите помеѓу полноќ и шест часот наутро.

Споменатата забрана доведе до разни парадоксални ситуации. Така, популарната игра Minecraft беше достапна само за возрасни.

Критичарите на законот тврдат дека одлуката не дава соодветни резултати во борбата против зависноста од игри.

Во последниве години, во Јужна Кореја, но и во други земји, се забележува огромен пораст на популарноста на мобилните игри до кои младите можат да пристапат онлајн и ноќе.

Укинувањето на забраната не значи целосна слобода за малолетните гејмери. Родителите и децата ќе можат да ја користат опцијата „родителска контрола“ за да одредат колку време ќе поминат во игри, а тоа ќе биде одобрено од Фондацијата за култура на игри во Јужна Кореја.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.