Денеска се појавија шокантни снимки од полетувањето на патнички авион Боинг 767, кој веднаш потоа се запалува.
На видеото снимено и објавено од еден од патниците, кој останал на аеродромот , се гледа пожар и експлозија на левиот мотор на авионот. Веднаш, откако полетува, левиот мотор се запалува.
Овој страшен настан се случил на 14 април на аеродромот во Барселона, Шпанија. Боингот 767 на италијанската компанија НЕОС, полетувал кон Тел Авив во Израел, но морал веднаш по инцидентот да се врати анзад и принудно да слета на аеродромот во Барселона.
Авионот безбедно слетал, а патниците останале неповредени , но многу исплашени. Не е познато што го предизвикало пожарот на моторот, а информациите од аеродромот се дека овој авион бил во употреба 23 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.