Локалната власт на Москва најави дека лицата кои се вратиле од земјите погодени со новиот коронавирус, а не се изолирале во своите домови на две недели, ќе бидат казнети и до пет години затвор.
Властите прогласија висок степен на тревога и воведоа дополнителни мерки со цел да го спречат ширењето на Ковид-19 во Русија.
Лицата кои се вратиле од Кина, Јужна Кореја, Иран, Франција, Германија, Италија, Шпанија и други земји каде има евентуални неповолни знаци на новиот коронавирус, треба да се самоизолираат 14 дена, соопшти Градското собрание на Москва.
Секретаријатот за здравство соопшти дека за лицата кои ќе го прекршат правилото следи тешка казна, вклучително и затворска казна до пет години.
Во Русија досега се регистрирани 15 пациенти со новиот коронавирус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.