Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, истакна дека Москва е загрижена поради изјавата на британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб за преминување на британски бродови во водите на Црното Море.

Се разбира, ваквите изјави нè загрижуваат – изјави портпаролот на Кремљ.

Песков додаде дека Москва и Лондон не одржуваат консултации за премин на бродови во Црното Море.

Не, нема консултации. Сега, всушност, односите се замрзнати – изјави Песков.

Тој предупреди дека Русија ќе преземе неопходни мерки доколку се наруши нејзината државна граница во Црното Море.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.