Полска нема намера да ја напушти Европската Унија, објави премиерот Матеуш Моравјецки.
Ваквата објава на Моравјецки доаѓа откако опозицијата и полските власти меѓусебно се обвинија дека сакаат да ја повлечат земјата од Европската Унија. Уставниот суд на земјата вчера дури донесе одлука за превласт на полскиот устав над правото на ЕУ.
Приемот на Полска и земјите од Централна Европа кон Европската Унија е еден од најважните настани во последните децении. И за нас и за самата ЕУ. Сите ние извлековме корист од ова. Затоа јас јасно кажувам: Местото на Полска е и ќе биде во европското семејство на нации – напиша Моравјецки на Фејсбук.
Според Моравјецки, одлуката на Уставниот суд „го потврдила она што буквално произлегува од содржината на Уставот на Република Полска, имено дека уставното право има предност пред другите извори на правото“.
Имаме исти права како и другите земји. Сакаме овие закони да се почитуваат. Ние не сме непоканет гостин во Европската Унија. Затоа не се согласуваме да не гледаат како земја од втора класа. Сакаме заедница за почит. Ова е и нашата заедница, нашата унија. Сакаме таков сојуз и ќе продолжиме да работиме за таков сојуз – додаде Моравјецки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.