Најмалку 20 лица се убиени, а 26 се повредени со прострелни рани , кога Касиус со калашников влетал вчера во трговскиот центар во Ел Пасо , Тексас.
Тој влегол во трговскиот центар без зборови и веднаш почнал да пука во купувачите и вработените. Се претпоставува дека мотив на монструмот е расистички, бидејќи на 20 минути пред нападот, тој објавил манифест во кој изразува расистички ставови, како загрозен припадник на белата заедница во САД против мигрантите.
Убиецот допатувал над 1000 километри од градот Ален во Тексас до Ел Пасо за да го изврши масакрот.
Во моментов стотици граѓани на Ел Пасо донираат крв за повредените во нападот , во кој има и деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.