На полицијата и беше потребно помалку од една минута да го пронајде и да го совлада масовниот убиец Од Охајо.
„Ние ја неутрализиравме заканата за околу 30 секунди од моментот кога осомничениот го истрела првиот куршум“, рече началникот на полицијата во Дејтон, Ричард Биел.
24годишниот Конор Бетс во неделата уби девет лица, а повреди уште 27 други. Убиството го изврши само 13 часа по масакрот во Ел Пасо. Конор Бетс ја убил и неговата 22-годишна сестра Меган, пред да биде запрен и убиен од полицијата. Тој пукал во центарот на градот, полн со ресторани и ноќни клубови, во саботата навечер кога сите локали биле преполни со посетители.
Полицајците патролирала во близина, па дотрчале веднаш штом ги слушнале истрелите, изјави началникот на полицијата Биел. Од моментот кога ги слушнале истрелите, во рок од 20 секунди тие можеле да го сопрат напаѓачот, кој јасно сакал да влезе во преполнетиот ноќен бар.
Напаѓачот сакал да се пробие во ноќниот клуб Нед Пеперс, полн со луѓе кои бегале пред него и неговото оружје, но бил соборен од полициски куршум. Не е откриен мотивот за нападот на 24-годишникот во Дејтон. Бил вооружен со автоматска пушка и во панцир. Жртви на неговото оружје се четири жени и петмина мажи, на возраст од 22 до 57 години. Шест од жртвите се Афроамериканци.
„Нема многу видлива дискриминација во пукањето“, рече помошникот началник на полицијата Мет Карпер.
Конор Бетс излегол со својата две години помлада сестра Меган, а потоа тие се разделиле. При пукањето, тој ја убил сестра си и го повредил нејзиниот партнер. Неговите поранешни соученици велат дека тој уште додека бил во средно образование имал свој список на луѓе за отстрел и за силување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.