Американецот Џејк Патерсон (21) е осиден на две доживотниз атворски казни , откако ја држеше 88 дена 13- годишната Џејми Клос , а претходно ги уби нејзините родители.
Американецот од Висконсин е осуден вчера на две доживотни затворски казни без можност за помилување и уште 40 години за киднапирање на девојчето. патерсон изјавил дека сакал да ја грабне Џејми кога ја видел како излегува од училишниот автобус.
Девојчето по 88 дена успеала некако да избега од куќата во која ја чувал заклучена во декември минатата година. Девојчето го нашло локалната учителка Џин Нутер , која на судот раскажа дека таа била слаба, изнемоштена и нечиста .
Судијата Џејмс Баблер рекол дека злосторството на Патерсон е ужасно и дека тој е опасен за околината поради неговиот нагон да зема девојчиња од училишен автобус и да им ги убива родителите.
Патерсон ги застрелал мајката и таткото на Џејми во нивната куќа додека спиеле , а потоа го грабнал девојчето и ја одвел 97 километри подалеку , во колиба каде што ја чувал.
Џејми успела да избега кога Петерсон излегол од колибата . ,, Ги запознав неговите секојдневни навики и потоа си ја вратив слободата. јас ќе бидам слободна , а тој не.” , рече Џејми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.