Шпанската полиција уапси 26-годишно лице, откако признал дека ја убил неговата мајка, а нејзиното тело го искасапил на повеќе од илјада делови.
Алберто Санчез Гомез го признал бруталното убиство на неговата мајка Марија Соледад Гомез, откако полицијата упаднала во нивниот стан во Мадрид, затоа што жената никој не ја видел еден месец.
Гомез признал дека телото на неговата мајка го исекол на парчиња, некои делови ги зготвил, додека некои ги фрлил во ѓубре. Полицијата исто така открила остатоци од човечко тело во шест големи чинии.
Гомез кој што претходно работел како келнер, признал дека некои делови од телото сам ги изел, а со другите го нахранил неговото куче.
Остатоците од телото се толку мали, така што е невозможно да се утврди како ја убил. Поминало долго време и остатоците веќе се распаднале“, открил полициски извор за „Ел Мундо“.
Гомез и претходно имал проблеми со полицијата поради дрога и насилство во семејството. Сега се наоѓа во притвор и нема право на слобода со плаќање на кауција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.