Шеснаесетгодишно момче им подлегнало на повредите добиени по напад со нож во близина на средното училиште „Океансајд“ во Њујорк. Нападот се случил во понеделникот веднаш по часовите.

Касен Морис бил прободен со нож во градите, а починал во болница. Напаѓачот е уапсен. Станува збор за 18-годишниот Тајлер Флеш. Според полицијата, тој го убил Морис од љубомора затоа што се сомневал дека се обидува да му ја преземе девојката.

Полицијата соопшти дека најмалку 50 тинејџери биле на местото на настанот. Никој не се ни обидел да му помогне на момчето. Наместо тоа, тие снимале сè.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.