Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека очекува во првиот квартал од 2021 година да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози експериментална вакцина против Ковид-19.
Компанијата наведе дека 85 до 100 милиони дози вакцина ќе бидат достапни во САД, а 15 до 25 милиони надвор од земјата.
„Модерна“ планира следната година да произведе меѓу 500 и една милијарда дози вакцина за целиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.