Глобалната економија влезе во период на рецесија поради пандемијата на новиот коронавирус, изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева.
Според неа, рецесијата е многу полоша од глобалната финансиска криза.
ММФ се фокусирал да гарантира дека има силен одговор на здравствената криза, како и да дејствува на закрепнување на економијата – нагласи Георгиева.
Таа изрази решеност да ја искористат „воената резерва“ од 1 трилион долари доколку е потребно како одговор на пандемијата.
Според Георгиева, најголема опасност е бранот банкрот и отпуштања, што ќе го отежне обновувањето на економијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.