Меѓународниот монетарен фонд бара да се потрошат дополнителни 50 милијарди долари за да се обезбеди забрзување на кампањата за вакцинација против Ковид-19.

Оттаму истакнуваат дека на крајот тој трошок може да генерира поврат во глобалната економија од девет милијарди долари.

ММФ апелираше денеска најмалку 40 отсто од светската популација да се вакцинира до крајот на годината, а најмалку 60 проценти до јуни 2022 година, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Досега вакцина примиле само околу 9,5 отсто од светската популација според податоците од веб страницата „Нашиот свет во податоци“ (Our world in data“.

Ниту една земја не може да се врати во нормала додека сите држави не успеат да ја поразат пандемијата, се вели во извештајот на ММФ под името „Предлог за окончување на пандемијата од Ковид-19“.

За да се постигне тоа, Фондот смета дека треба да се вложат глобални напори за да се издвојат уште 50 милијарди долари за јакнење на глобалната програма за вакцинација. Овие дополнителни средства би се користеле за тоа да се зголеми покриеноста на Ковакс системот за 30 отсто, да се набават дополнителни тестови и да се прошират капацитетите за производство на вакцината.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.