Мистериозниот кинески вирус се прошири во Јапонија, каде што е забележан првиот случај на зараза со новиот тип корона вирус. Во Кина како резултат на заразата со вирусот починало едно лице, а десет лица биле во критична состојба.
Новиот тип на корона вирус припаѓа на истото семејство како и смртоносниот тежок акутен респираторен синдром (САРС) и блискоисточниот респираторен синдром (МЕРС). Прво се појави во Вухан, еден од најголемите градови во Кина, а потоа се прошири во Тајланд и сега во Јапонија, пренесува Си-ен-ен.
Јапонските власти денес објавија дека маж во неговите 30-ти години кој патувал во Вухан се заразил со вирусот. На 3 јануари, тој доби висока температура и три дена подоцна се вратил во Јапонија, каде што по тестирањето, е откриено дека е позитивен на новиот корона вирус.
Оттогаш се опорави и вчера бил отпуштен од болница. Тој рече дека за време на престојот во Вухан не го посетил пазарот за морска храна кој се поврзува со многу случаи на зараза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.