Мистериозна пена се појави во воздухот над реката Дудергоф, која тече по периферијата на Санкт Петербург и ги вознемири жителите на овој руски град.
Од 24 декември, кога за првпат е забележана пената во водата и по должината на брегот на реката, жителите на Санкт Петербург беа изненадени и загрижени, но многумина го фотографира и го снимија овој необичен феномен.
Некои дури се осмелија да ја допрат белата пена, што предизвика бурни реакции на Интернет, со коментари дека може да биде опасно по здравјето.
Властите најавија истрага за да се утврди безбедноста на околното население, флората и фауната, но и да се откријат причините за појавата на пената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.