Научната заедница на Аргентина се соочува со навидум нерешлива енигма: седум морнари биле заразени со вирусот корона, иако тие биле на море веќе 35 дена. Важно е да се напомене дека сите членови на екипажот биле тестирани пред нивниот брод да заплови.
Бродот Етчизен Мару се вратил во пристаништето Усуаја, откако некои од риболовците покажале симптоми на „Ковид-19“, објави Министерството за здравство на најјужната провинција Аргентина, Тиера дел Фуего.
Локалните власти потврдија дека се идентификувани седум позитивни случаи.
Пред да започне патувањето, вкупно 60 членови на екипажот поминаа 14 дена во карантин во хотел во Ушваја, а претходно беа тестирани за САРС-КоВ-2 и сите беа негативни.
Тешко е да се утврди како екипажот се заразил, знаејќи дека 35 дена немале контакт со копното, а снабдувањето било направено надвор од пристаништето Усуаја – рече Александра Алфаро, директорка на болницата во овој град.
Тимот го проучува времето кога рибарите почнаа да покажуваат симптоми со цел да го утврдат „времето на инфекција“.
Според главниот специјалист за заразни болести, Леандра Балаторе, ова е „случај што не е опишан никаде во објавените студии затоа што никаде не е запишано толку долго инкубација на вирусот“.
Сè уште не можеме да објасниме како се појавиле симптомите. Неверојатно е, но имаме пет претпоставки што треба да ги земеме предвид за да утврдиме што навистина се случило – посочува тој.
Екипажот е повторно во карантин, но овој пат на свој брод што се вратил во пристаништето.
Случајот заинтригирал многу научници ширум светот, кои сакаат да откријат како е можно инфекцијата да влезе во изолиран брод меѓу сите стандарди, здрави луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.