Сега повторно воведуваат вонредна состојба поради корона вирусот. Ова место беше првото кое воведе вонредна состојба и истата ја укина кога бројот на инфекции драстично опадна.

Меѓутоа, сега повторно се соочуваат со истиот проблем, па повторно прогласија вонредна состојба.

Ова е како лош сон за сите нив: Еден јапонски регион успеа да ја стави короната под контрола, го спречи ширењето на заразата и го изолираше вирусот, а сето тоа беше проследено со голем пад во бројот на заболени.

Меѓутоа, Хокаидо денес повторно е во центарот на вниманието на светот, додека се бори со вториот бран на инфекцијата.

Јапонија за малку ќе беше успешна приказна. Меѓутоа, минатата недела во Хокаидо беа забележани 135 нови случаи на корона вирус. За разлика од првиот бран во февруари, нема докази дека вирусот повторно е увезен од надвор.

Ниеден од новите случаи не се странци, ниту некој од заразените патувал вон Јапонија во последните месец дена.

Релативно е лесно да ги контролираш кластерите, да ја детектираш трагата и да ја изолираш. Властите беа многу успешни во својот пристап за контрола на кластерите.

Јапонија тогаш беше во многу рана фаза од епидемијата. Беше локализиран вирусот и тоа беше успешна приказна – изјави професорот Кенји Шибуја од Кралскиот колеџ во Лондон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.