Претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, во средата објави дека Европската унија ќе воведе санкции против функционери на Белорусија, одговорни за „репресија“ и „изборна измама“.

Мишел објасни дека Белорусија во моментот е во „национална криза“, додавајќи дека е право на луѓето слободно да го изберат својот претседател.

Во меѓувреме, претседателот Александар Лукашенко нареди зајакнување на граничната безбедност на земјата за да се спречи влегувањето на „борците и оружјето“ во Белорусија, во време на протести.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.