Советот на министри за општи и европски прашања на Европска Унија на денешниот состанок ќе ја разгледа новата методологија на проширување.

Методологијата пред министрите во Брисел ќе ја претстави комесрот за проширување Оливер Вархеји.

Советот на ЕУ во март ќе се врати на темата политика на проширувањето како би се усвоиле заклучоци и би се подготвил за мартовскиот самит на лидерите на ЕУ, на кој се очекува нов обид за постигнување консензус на земјите-членки за давање „зелено светло“ за отворање на пристапните преговори со Македонија и Албанија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.