Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Катар, Шеик Мохамед бин Абдул Рахман Ал Тани во интервју за Ал „Џезеира“ говори за тригодишната блокада која е наметната врз неговата земјата.
Тој објаснува дека ако се погледне во позадината на блокадата, ќе се открие дека причините за тоа и околностите во кои таа започна, може да се најдат во кампањата на дезинформации против државата Катар и јавното мислење во Заливот.
– Втората фаза започна со хакерство на новинската агенција Катар, по што следи кампања за дезинформација против државата Катар и кампања за нејзина демонизација. До ден-денес не наоѓаме јасни причини за наметнување на оваа блокада, особено што односите што ја поврзуваат државата Катар и земјите од блокадата во периодот што му претходеа беа добри и пријателски. Постоја континуирана соработка и дијалог меѓу сите засегнати држави освен за проблемот што го постави Обединетите Арапски Емирати иако неговото барање да се предаде сопругата на противникот на Емирати два месеци пред блокадата, и не очекувавме дека таков проблем ќе не однесе до таква ситуација-објаснува шефот на дипломатијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.