Лари Хопкинс, водач на вооружена група што пресретнува мигранти кои илегално преминуваат во САД од Мексико, планирал да ги убие поранешниот американски претседател Барак Обама и некогашната државна секретарка Хилари Клинтон, покажуваат документи на Федералното истражно биро (ФБИ).
Хопкинс е лидер на групата Обединети уставни патриоти, чии припадници тврдат дека во последните 60 дена им помогнале на припадниците на безбедносните сили да уапсат околу 5.600 мигранти во пустината во американската сојузна држава Ново Мексико.
Тој беше уапсен во петокот под обвинение за незаконско поседување на оружје.
ФБИ во судските списи објавени денеска наведува дека во 2017 година сведоци го обвиниле Хопкинс дека со неговата група планирале убиство на Барак Обама, Хилари Клинтон и милијардерот Џорџ Сорос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.