Виетнам прогласи двонеделен карантин во третиот по големина град во земјата, откако беа откриени уште 15 случаи на коронавирус во болниците, објави владата.

Неколку пациенти и здравствени работници во болницата во Да Нанг се заразени, пишува АП.

Јавниот превоз во и надвор од Да Нанг е откажан.

Властите проценија дека неколку стотици луѓе ќе бидат заробени во Да Нанг поради откажаниот превоз и побара од хотелите да им обезбедат сместување.

Во неделата владата апелираше до луѓето да одржуваат физичка дистанца во градот со повеќе од милион жители, пишува АП.

Досега во Виетнам се регистрирани 531 случаи на Ковид-19, без жртви.

Виетнам сè уште не ги отвори своите граници за туристите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.