Дел од познатите светски личности, како Елен Деџенерис, отворија фондови за да соберат пари за помош во борбата против пожарите во Австралија, а дел од нив донираа и по милион долари. Но, австралискиот милијардер Ендру Форест – Твиги, кој богатството го стекна преку бизнисите со рударство и сточарство, ќе донира цели 70 милиони долари.
По барање на Форест и неговата сопруга Никола, десет од 70-те милиони ќе се потрошат на создавање на група од повеќе од 1.200 волонтери од рударскиот и земјоделскиот сектор, додека други 10 милиони ќе одат директно кај заедниците директно загрозени од пожарите.
Од септември, во пожарите кои беснеат низ целиот континент, загинаа најмалку 25 лица, како и скоро милијарда животни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.