Милано привремено ја забрани работата на компаниите кои изнајмуваат електрични тротинети , се додека јасно не се донесат правила за нивното користење и начин на возење.

Со одредба од 4. јуни се предвидува дека тротинетите може да се возат само во пешачките зони во Италија , односно по велосипедски патеки , како и во подрачја каде брзината е ограничена на 30 км/час. Се бара од локалните власти во Италија на видни места да ги постават сообраќајнит еправила за електричните тротинети.

Првата компанија за изнајмување тротинети во Милано почна да работи во октомври минатата година. Од оваа пролет , почнаа со работа уште шест вакви компании во Милано , што е тренд во сите поголеми европски градови.

Кон крајот на јули , властите во Милано им дозволија на тротинетите да се движат со брзина од 6 км/час во пешачките зони , а им забрани движење по тротоарите со казна од 26 евра.

Во моментов додека трае забраната , Обвинителството од Милано утврдува дали компаниите кои изнајмуваат тротинети работат законски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.