17-годишниот Авганистанец Сабер Ајхонзади кој што е главен осомничен за убиството на 16-годишната Австријка Мишел Ф. ѝ се предал на полицијата во Виена.

Австрија е шокирана од најновото убиство во земјата кое што е дело на мигрант од Авганистан. Уште пошокантно е тоа што 17-годишниот Авганистанец веќе убивал и во својата татковина. Тој илегално влегол во Австрија во 2016-та година и поднел барање за азил, но бил одбиен.

Меѓутоа, Сабер не бил депортиран, туку му била доделена заштита која што е предвидена за лицата кои што се проценува дека нивниот живот би бил доведен во опасност од евентуално враќање во татковината – моментално во Австрија има 3,600 такви мигранти.

На убиецот во февруари оваа година му бил продолжен таканаречениот „толериран престој“ во Австрија за две години, односно до 2020-та година.

Мајката на убиената тинејџерка за австриските медиуми открива дека државните служби дури и побарале Сабер да биде згрижен во нејзиниот стан. Таа открива дека не била среќна поради врската на нејзината ќерка со мигрантот, а за тамошните медиуми изјави: „Сабер ја третираше Мишел како да е негова сопственост и живееше на наша сметка“.

Тие раскинувале повеќе пати, а тој последниот пат ја изневерил со школска другарка. Сепак, Мишел одлучила да му даде уште една шанса на Авганистанецот, се смириле во четвртокот, а три дена подоцна тој со нож ја избодел во нејзината соба. За време на убиството, мајката и сестрата на несреќната тинејџерка биле дома, а Сабер побегнал низ прозорецот.

Тој додека бил во бегство дури ѝ се јавил на мајката на Мишел и ладнокрвно ја прашал каде е таа за да провери дали злосторството било откриено.

Сабер бил во бегство два дена, а потоа сам се пријавил во полициска станица во Виена по што бил уапсен. Поради ова злостороство му се заканува 15 години затворска казна и сега ќе му биде укината заштитата, но за жал веќе е предоцна затоа што таквата толеранција на австриските власти Мишел ја плати со својот живот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.