Поради сомнеж за поврзаност со пожарот кој во саботата изби во катедрала од 15 век во францускиот град Нант, при што се уништени нејзините витражи и оргули, уапсен е 39 годишник, објави во неделата телевизијата ЛЦИ.

Уапсениот маж е мигрант од Руанда кој на катедралата работел како волонтер и бил задолжен да ја заклучи во петокот вечерта, пренесува телевизијата, повикувајќи се на изјава на тужителот Пиер Сенеси.

Сенес рече дека мажот е упасен поради нелогичности во неговиот исказ.

Додаде дека во саботата во црквата избувнале три пожари и дена нема знаци на обивање. Властите соопштија дека започнаа истрага за потпалување.

Пожарот се прошири во саботата утрото, зафаќајки ја внатрешноста на готичкото здание. Пожарникарите го ставија огнот под контрола по неколку часа, а потполно го изгасија во попладневните часови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.