Азербејџанскиот авион „миг-29“ падна на Каспиското Море, а пилотот исчезна, соопшти азербејџанското Министерство за одбрана.
Во тек е истрага и се трага по пилотот. Исто така, формирана е комисија за истражување на овој случај.
Според досега достапните информации, пилотот одеднаш исчезнал од комуникацискиот систем за време на тренажниот лет околу десет часот навечер, по локално време.
На 24 јули, околу 22 часот, авионот „миг-29“ на азербејџанските воздухопловните сили, кој беше на тренажен лет, одеднаш исчезна од радарот. Според прелиминарните резултати од истрагата, авионот се урнал и паднал во морето – соопшти азербејџанската армија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.