Во Италија метеоролозите за денеска најавуваат африкански температури, пишува агенцијата “Ansa”.

Во Тоскана ќе биде околу 36, а во Фиренца 37 степени Целзиусови, во Рим 35, а нов скок на дневните температури се очекува во наредните денови, од среда до четврток, кога на Сицилија температурата ќе биде 45 и 46 степени, а во регионите Калабрија и Пуља до 41 степен.

На северот на Италија температурите исто така се рекордно високи во однос на претходните години, но за разлика од југот на земјата, на северот влагата во воздухот и загадувањето, како што е во регионот Ломбардија, ќе го прави личното чувство на висока температура зголемено и потешко, посебно за лицата со здравствени проблеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.