Австрискиот Парламент денеска едногласно усвои голем пакет законски мерки за спречување на кризата предизвикана со коронавирусот.
Законот овозможува голем број ограничувања во јавниот живот, а содржи и помош за економијата.
Со документот се создаваат правни основи за затворање на јавни места, како што се детски игралишта, се овозможуваат рестрикции во трговијата и гастрономијата.
За економијата е предвиден фонд за помош во вредност од четири милијарди евра.
Законот мора да биде потпишан од претседателот на државата и објавен во службен весник за да може од утре да стапи во сил
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.