Германската канцеларка Ангела Меркел  изјави дека мора да се грижи за своето здравје откако трипати се тресеше на јавни настапи.

Прво, можете да разберете дека сум свесна за одговорноста на мојата работа. Одговорно се однесувам кога моето здравје е во прашање, одговори Меркел на новинарско прашање за нејзиното здравје на заедничката прес-конференција со данската премиерка Мете Фредериксен.

Таа рече дека наредната недела ќе го прослави 65.роденден, шегувајќи се дека секој роденден ја потсетува дека е постара.

 

И јас лично сум заинтересирана да бидам здрава и се грижам за своето здравје, истакна Меркел.

Германската канцеларка и данската премиерка вчера седеа за време на интонирањето на химните во Берлин.

Меркел притоа не покажа симптоми за лошо здравје, но со гостинката седеше пред зградата на Владата во Берлин, што е невообичаено за време на укажување воени и државни почести.

Канцеларката вчера, за време на воените почести при приемот на финскиот премиер Анти Рине, повторно не се чувствуваше добро и трепереше.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.