Во најкраткото обраќање, во еден здив и без вообичаената смиреност, Ангела Меркел кажа дека граѓаните мора да ги почитуваат мерките на социјално дистанцирање.
аа додаде дека ќе мораат да носат и заштита преку носот и устата и по ублажувањето на рестриктивните мерки, пренесува Гардијан.
По ублажувањето на рестриктивните мерки за викендот, Меркел се појави во холот на својата канцеларија во Берлин и го даде најкраткото соопштение за медиумите во кое ја истакна важноста на почитувањето на заштитните мерки.
„Многу ми е важно повторно да укажам на фактот дека влегуваме во нова фаза на пандемијата и дека сега ќе биде неопходно, покрај релаксацијата на мерките, да бидеме сигурни дека луѓето ги почитуваат основните правила, а тоа се: одржување дистанца, носење заштитна маска преку устата и носот поради другите луѓе. Тоа е многу важно. Многу ви благодарам“, порача германската канцеларка и си замина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.