Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека мулилатералниот светски поредок се распаѓа, но и дека тоа не значи дека треба да се уништи. Како што пренесува „Хина“, Меркел ја критикувала националистичката политика на американскиот претседател Доналд Трамп.
Мора да се бориме за Европа, мора да се бориме за мулилатерализмот , против оние кои мислат дека се можат само, изјавила Меркел на минхенската безбедносна конференција.
Официјален Берлин е загрижен за мултилатералната соработка по повлекувањето на САД под раководство на претседателот Трамп од неколку меѓународни договори, вклучувајќи го и Парискиот климатски договор и иранскиот нуклеарен договор, двата потпишани во 2015 година.
Ретко кога во историјата САД и Германија имале толку многу несогласувања, во моментов се спорат околу Иран, одбранбената пресметка, гасоводот Северен тек кој би требало да донесе руски гас во Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.