Германската канцеларка Ангела Меркел во својата новогодишна порака рекла дека се бори со климатските промени со сета сила за на идните генерации да им овозможи да живеат во мир и просперитет.
Глобалното затоплување е реалност. Тоа е закана”, рекла Меркел во снимениот говор кој ќе биде емитуван утревечер, јавува “Reuters”. Растот на светските температури и проблемите создадени од глобалното затоплување го создале луѓето, додала Меркел.
Па, мораме да направиме се што во човековата моќ да го надминеме овој човечки предизвик. Тоа е се уште можно”, рекла Меркел.
Имам 65 години и јас нема да ги доживеам сите последици од климатските промени кои ќе се се донесат као политичарите не преземат нешто”, навела канцеларката.
Нашите деца и внуци ќе мора да живеат со последиците од тоа што го правиме или не денес. Затоа ја користам сета сила Германија да обезбеди свој придонес – еколошки, економски, социјален – за климатските промени да се донесат под контрола”, истакнала Меркел.
Таа ги повикала Германците да размислат како ќе се носат со предизвиците кои произлегуваат од глобалното затоплување.
Според нејзините зборови, за тоа да го постигнеме, потребно ни е повеќе храброст од било кога, да ги напуштиме познатите патишта, да делуваме побрзо за нашите потомци да бидат во состојба да живеат добро на оваа Земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.