Германската канцеларка Ангела Меркел се сретна денес со унгарскиот премиер Виктор Орбан, како дел од прославата на 30-годишнината од „Паневропскиот пикник“, пренесува „Дојче Веле“.
Симболичниот настан пред 30 години беше во знак на поддршка за обединета Европа што доведе до првиот егзодус од зад Железната завеса.
Пикникот беше најголемиот масовен егзодус од ГДР од изградбата на ѕидот во 1961 година. Пикникот се претвори во светски настан и ги одразува вредностите на„ солидарноста, слободата и хуманата Европа, рече Меркел, заблагодарувајќи и се на Унгарија за нејзината улога во отворањето на границите.
Меркел и нејзиниот унгарски колега присуствуваа на службата во протестантската црква во Шопрон, град во близина на границата на Унгарија со Австрија, каде стотици источни Германци го искористија пикникот и избегаа на Запад.
Шопрон е пример за тоа колку можеме ние Европејците да постигнеме, ако храбро се залагаме за нашите неделиви вредности, додаде германската канцеларка.
Она што започна како политички, симболичен собир покрај границата, заврши со неколку стотици источни Германци бегајќи од Унгарија кон Запад.
Анти-имиграциската политика на Виктор Орбан го направи одбележувањето на настанот уште позначајно, особено затоа што неговата колешка спробедуваше многу различна стратегија, пишува „Дојче веле“.
Нивната последна поголема билатерална средба беше во јули 2018 година кога Орбан ја оствари својата прва посета на Берлин од 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.