Во интервју за ЗДФ, германската канцеларка рече дека стои „многу цврсто“ на одлуката од 2018 година – да се повлече откако ќе го заврши тековниот мандат

Германската канцеларка Ангела Меркел ја отфрли можноста да се кандидира за петти мандат во 2021 година.

Во интервју за ЗДФ, таа рече дека стои многу цврсто на нејзината одлука од 2018 година – да се повлече откако ќе го заврши тековниот мандат.

Дали размислува повторно да трча, ја праша денеска новинарот на ЗДФ германската канцеларка, пренесува Дојче Веле на англиски јазик.

„Не, не. Навистина не“,
беше нејзиниот одговор.

На прашање дали останува на нејзината одлука да го искористи само уште овој мандат, Меркел одговори: „Многу цврсто“.

Меркел, која стана канцеларка во 2005 година и сега има 65 година, кон крајот на 2018 година се повлече од својата паралелна функција како претседателка на ЦДУ.

На почетокот на мај, германскиот министер за внатрешни работи изјави дека силното водство на Меркел за време на пандемија ги поттикнало шпекулациите дека може да бара петти мандат.

Следните федерални парламентарни избори во Германија се очекуваат во третиот квартал од 2021 година, најдоцна до 24 октомври.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.