Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека германската влада е решена да ја доврши изградбата на гасоводот Северен тек 2, без оглед на тоа што САД се обидуваат да го спречат проектот, пренесува весникот Ханделсблат.

Канцеларката ова го изјавила при посетата на нејзината изборна единица на северот од земјата и се осврна на санкциите што ги воведе Вашингтон за сите учесници во изградбата на Северен тек 2. Тој треба да испорача 55 милијарди кубни метри природен гас на Германија и на поширокиот европски пазар.

Меркел кратко прокоментира: Не ги сметаме за легални екстериторијалните санкции, т.е оние кои ја надминуваат територијата на САД.

Според неа, Северен тек 2 е важен за германската сојузна држава Мекленбург-Вопромерн, каде се наоѓа изборната единица на Ангела Меркел. Цефките потребни за изградба на проектот се испорачуваат од малото пристаниште Шашнитз, а по завршувањето на изградбата се очекува рускиот гас да стигне во пристанишниот град Лубмин.

САД се противат на овој проект, тврдејќи дека Северен тек 2 би значел енергетска зависност на ЕУ од Русија, што автоматски би дал политичка моќ на Москва на Стариот континент. Политиката на Трамп, меѓутоа, наидува на бројни критики, со коментари дека САД сакаат да ја приморат Германија да купува гас од нив, по повисока цена.

САД минатата година започнаа да воведуваат ограничувања за Северен тек 2, а пред еден месец тројца американски републикански сенатори напишаа писмо до пристанишниот оператор во Шашнитз, во кое го предупредуваат дека може да го „стигнат разорувачки санкции“ заради нудењето на своите услуги за овој гасовод.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.