Ангела Меркел, од Лондон, каде што беше во својата последна посета на Велика Британија како германска канцеларка, изрази загриженост за дозволениот број на гледачи за полуфиналето и финалето на Европското фудбалско првенство. Причина за загриженоста на меркел е тоа што во Велика Британија рапидно се шири позаразната делта варијанта на корона вирусот.
По над 60.000 гледачи ќе можат да присуствуваат на натпреварите на Вембли во Лондон за полуфиналињата и финалето на ЕУРО 2020, наместо првично планираните 40.000. Максималниот капацитет на стадионот е 90.000 места.
Навистина се прашувам дали е тоа премногу. Во Германија одлучивме помалку гледачи да може да присуствуваат на натпреварите на стадионот во Минхен, но секако британската Влада ги донесува своите одлуки – изјави Меркел на заедничката прес-конференција со британскиот премиер Борис Џонсон.
Џонсон, пак, укажа на „ѕидот на имунитетот“ што Велика Британија го изградила со својата програма за вакцинација, преку која 63 отсто од возрасните примиле по две дози на вакцината.
Загриженоста на Меркел за ширењето на инфекцијата на стадионите ја споделуваат италијанскиот премиер Марио Драги и потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Скињас.
Таа досега се залагаше за тоа ЕУ да се договори за воведување карантин за патниците од Велика Британија, каде расте бројот на инфекции со делта вирусот, но сега, за првпат, се чини дека ја омекнува својата позиција .
Се надеваме дека во блиска иднина, оние кои примиле по две дози од вакцината, ќе може повторно да патуваат без потреба да одат во карантин – изјави Меркел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.