Германската канцеларка Ангела Меркел денеска од Брисел се заложи дека ќе стори сѐ за одредување датум за почеток на преговорите Македонија за членство со ЕУ до октомври и порача дека во прашање се неколку недели, јави дописничката на МИА од Брисел.
Одговарајќи на прашање на МИА на крајот на дводневниот самит на лидерите на Европската Унија, за тоа дали може да гарантира датум за преговори, откако одлуката беше одложена до крајот на октомври, Меркел изјави дека лидерите на ЕУ вчера разговарале за Македонија.
Ќе направам сѐ што можам за да се донесе таа позитивна одлука затоа што Македонија направи примерна работа со Преспанскиот договор, одлична работа, и разговаравме за ова вчера. Станува збор за неколку недели, навистина, но нашата заложба стои и што се однесува до мене ќе ја заложам сета своја политичка тежина за ова, изјави Ангела Меркел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.