Гермнаската канцеларка, Ангела Меркел денеска за прв пат носеше маска во јавност откако претходно беше обвинета за лицемерие поради некористењето на ваквата заштита за време на пандемијата со корона вирус.

Меркел влезе во горниот дом на параламентот носејќи црна маска со натписот ЕУ 2020.де, веб-адреса на сајтот посветен на шестмесечното претседавање на Германија со унијата кое започна на 1 јули.

Германската влада наложи задолжително носење на маска на некои од јавните места, а новинарите ја прашаа Меркел зошто никојпат не носи маска во јавност.

Таа огдовори дека тоа не е потребно бидејќи го почитува правилото за држење растојание, но дека маска носи кога тоа не е возможно, како пример наведувајќи го пазарувањето кога е далеку од пред очите на јавноста.

Но нема да ви кажам каде пазарувам, изјави минатата недела Меркел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.