Германската канцеларка Ангела Меркел денеска повторно седеше додека се интонираше националната химна, по трите неодамнешни инциденти во кои нејзинотo тело се тресеше додека стоеше на слични настани.

Денеска за Меркел и нејзината колешка од Молдавија, премиерката Маја Санда, беа поставени столчиња, што е необичен аранжман, што првпат беше востановен во четвртокот, кога новата премиерка на Данска ја посети Германија, еден ден по последниот случај на тресење на Меркел.

Денеска канцеларката не покажуваше знаци на несигурност.

Германската канцеларка, која утре ќе наполни 65 години, навести дека психолошкото влијание од првата епизода, кон средината на јуни, е одговорно за дополнителните инциденти и додаде дека „ќе мора да живее со тоа некое време“, но дека нема причина за загриженост.

Меркел во изминатиот период не откажа ниту една од своите планирани активности.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.