Германската Влада денеска треба да ја разгледа можноста за ублажување на мерките воведени во борбата против коронавирусот, пренесува МИА.
Официјални претставници тврдат дека затворањето на училиштата и многу фабрики, продавници и ресторани во текот на минатиот месец дало резултати во борбата против епидемијата и дека германските болници се добро опремени за лекување на пациенти заразени со коронавирус.
Меѓутоа, тие , исто така, предупредуваат дека е долг патот до целосна нормализација на животот во земјата.
Во Германија за денеска е најавен разговор меѓу канцеларката, Ангела Меркел, нејзиниот кабинет и гувернерите на сојузните држави за тоа дали мерките во борбата против епидемијата можат да бидат ублажени и на кој начин, доколку тоа е можно
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.