Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика граѓаните да гласаат за Армин Лашет, конзервативниот кандидат на нејзината партија ЦДУ, за да ја одржат Германија „стабилна“.
Пораката е испратена два дена пред одржувањето на парламентарните избори на кои се бира нејзин наследник на позицијата канцелар на Германија.
За Германија да остане стабилна, Армин Лашет мора да биде федерален канцелар – изјави Меркел на митингот на нејзината партија во Минхен пред изборите в недела
Според анкетите, се предвидува близок дуел помеѓу фаворитот на социјалдемократите, Олаф Шолц, и неговиот десничарски противник, Лашет.
Меркел истакна дека „е важно кој раководи со Германија“, предупредувајќи на сценарио што би се случило доколку победи социјалдемократот Шолц, кој води на анкетите.
Можете ли да замислите црвено-црвено-зелена влада? – ги праша претставниците на ЦДУ и ЦСУ собрани во Минхен на последниот митинг од кампањата.
Канцеларката го критикуваше зголемувањето на данок најавено од социјалдемократскиот кандидат, што може да ги натера германските компании да се преселат во Австрија или Холандија.
Ова не е наша политика. Претпочитам политика што им овозможува на компаниите да останат во земјата и да отворат работни места тука, за да напредува Германија – нагласи канцеларката Меркел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.