Германската канцеларка Ангела Меркeл го затвори својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, одлука што ја објасни преку видеопорака.
Познато ви е дека повеќе не ја водам ЦДУ (Христијанско-демократкстаа унија) и тоа е причина што го затворам својот „Фејсбук профил“, објасни таа.
Меркел додаде дека останува канцеларка, што значи дека граѓаните ќе можат да ја следат и да ѝ испраќаат коментари за нејзината работа на „Фејсбук“ страницата на сојузната влада или да ја следат на „Инстаграм“.
Денеска сакам да ви се заблагодарам на големата поддршка која ми ја давате преку „Фејсбук“, вели Меркел додавајќи „фала ви на сите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.