Германската канцеларка Ангела Маркел изјави во понеделникот дека нема никакви причини да се запрат дипломатските односи со Кина иако законот за национална безбедност, кој Пекинг го наметна на Хонг Конг останува „тежок проблем“.

Меркел претходно изрази загриженост на нејзината влада дека законот, неодамна усвоен од Комунистичката партија на Кина, го еродира „важниот принцип на „eдна земја, два система“.

Претходно истиот ден, високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Јозеф Борел изјави дека „драконскиот“ закон ќе влијае на односите на блокот со Кина и дека официјално соопштение за ова прашање ќе биде објавено „наскоро“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.