Германија се уште е на почетокот на пандемијата со ковид-19 и ќе мора да живее со него некое време, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.
Ние не сме во финалната фаза на пандемијата, уште сме на почеток. Добивме на време и ќе го искористиме да го зајакнеме германскиот здравствен систем – истакна Меркел.
Таа додаде дека Светската здравствена организација е неопходен партнер на Германија и оти ќе ја поддржи работата наСЗО.
Пандемијата може да се победи само глобално – посочи Меркел.
Гермaнаската канцеларка додаде дека се потребни остри мерки за да се сочува достоинството на сите и дека вакцината, кога ќе биде пронајдена, мора да биде достапна за целиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.