Германската канцеларка Ангела Меркел објави денеска дека Германија нема да испорачува оружје за Турција, поради воената офанзива што ја започна во Сирија.
Таа во долниот дом на парламентот рече дека од Турција неколку пати побарала да стави крај на воената операција против курдските сили во северна Сирија, пренесува „Ројтерс“.
Тоа е хуманитарна драма со сериозни геополитички последици, така што Германија нема да ѝ испорачува оружје на Турција во сегашните околности – рече таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.