Германија ќе го вакцинира целото свое население од коронавирус пред крајот на летото, истакна германската канцеларка, Ангела Меркел, по критиките дека вакцинацијата во земјата се одвива бавно.
Меркел вели дека веќе е јасно какво ќе биде снабдувањето со вакцини во наредните месеци и е категорична дека целта ќе биде остварена.
Според канцеларката, на Европската Унија не ѝ оди лошо со вакцинацијата, иако заостанува зад земјите како што се Израел, Велика Британија и САД.
Ќе можеме да ги вакцинираме сите граѓани до крајот на летото, што значи до 21 септември, крајот на третиот квартал. Дури и ако не бидат одобрени новите вакцини Johnson & Johnson и CureVac, сепак ќе направиме сѐ што можеме со цел германската влада да го искористи целото свое политичко влијание за да ја добие најдобрата можна прогноза за снабдувањето со вакцини, рече германската канцеларка Ангела Меркел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.